Кошаркарската репрезнетација на Македонија ќе добие нов селектор откако од националната федерација објавија дека нема да му биде продолжен договорот на Јорданчо Давитков.
Давитков застана на кормилото на репрезентацијата во март 2017 година, не успеа да ги мине претквалификациите за пласман на Светското првенство во Кина оваа година, но избори место во квалифкациите за пласман на Европското првенство во 2021 година.
Наследникот на Давитков наскоро ќе биде познат, а најголема желба на првиот човек на федерацијата Перо Антиќ е репрезентацијата да ја преземе Октај Махмути, кој има големо искуство како тренер на Ефес, галатасарј, Бенетон…