Српскиот кошаркарски репрезентативец, Василије Мициќ доживеа тешка семејна трагедија во текот на Мундобаскетот во Кина на почетокот на месецов.
Непосредно пред четвртфиналната пресметка меѓу Србија и Аргентина, Мициќ дозна дека неговата мајка починала. Тој во тие моменти, решил да остане со своите колеги во Кина и ги доигра сите мечеви на „орлите“ до крајот на Мундијалот.
На погребот на неговата мајка, популарниот кошаркар скршен од болка, бил постојано до неговата сестра Нина, јавуваат српските медиуми, а првпат по загубата, на Инстаграм се огласи со порака.
Кошаркарот објави фотографија од минатото под која напиша: „Засекогаша наша мама“.