Возачот на Формула 2, Хуан Мануел Кореа веќе не е во кома и сега го очекува многу ризична операција. 20-годишниот возач доживеа повреда на рбетот и скршеници на двете нозе во инцидентот на 31 август на патеката „Спа“ во кој животот го загуби неговиот француски колега, Антоан Убер.
Младиот возач се уште не ја ногата, затоа што неговите бели дробови дополнително треба да се опорават, а неговата ситуација е многу ризична откако вчера првпат по несреќата ги отвори очите.
Кореа беше ставен во вештачка кома за да се овозможи на неговите бели дробови, кои биле оштетени по несреќата, да се опорават. Пилотот претрпел четиричасовна операција на нозете во белгиски Лиеж во близина на „Спа“, но кога бил пренесен во Лондон, имал потешкотии при дишењето, по што морало да биде ставен во кома.
„Хуан Мануел Кореа веќе не е на апарати, разбуден е од индуктивна кома. Ова е навистина голема вест и ова со крупни чекори води во вистинскиот правец, но трката со времето дури сега претстои. Наш приоритет се неговите бели дробови и операција на ногата, на која се чека повеќе од две недели“ – порачаа неговите доктори.
Неговата состојба и натаму е претпазлива, но не е критична, порачаа докторите.
Кореа е роден во Еквадор, но порасна во Мајами. Моментно живее во Барселона.
https://youtube.com/watch?v=R2-QPQSQwt8