Top Sport

Баварците ги испратија „јарците“ од Келн со 4 гола во мрежата (видео)

Баерн Минхен попладнево славеше убедлив триумф против тимот на Келн со 4-0 во рамки на петтото коло од Бундеслигата.
Баварците не чекаа многу за да нападнат. Левандовски уште во третата минута носи предност од 1-0. Иако имаа иницијатива и многу шанси во првиот дел од мечот, на полувреме се замина со минимална предност.

Во вториот дел се распадна бункерот на гостите од Келн. Левандоски со својот втор гол во 48 минута носи предност од 2-0.

Гол првенец во новиот дрес постигна Фелипе Кутињо, новото засилување за Баерн од редовите на Барселона. Бразилецот беше прецизен од белата точка во 62 минута.

Точка на мечот за конечни 4-0 стави уште едно ново засилување за тимот, Хрватот Иван Перишиќ кој летово од Интер се пресели во Минхен. Тој прецизно стрелаше во 73 минута.

Баер Леверкузен немаше проблеми да дојде до победа во дуелот со новиот прволигаш, Унион Берлин. Воланд погоди за 1-0 во 20 минута, а Аларио само 5 минути подоцна ги постави конечните 2-0 за „фармацевтите“.

Во денешната програма од Бундеслигата Херта Берлин беше поуспешна со 2-1 од тимот на Падерборн, додека нерешено 1-1 заврши двобојот меѓу Фрајбург и Аугсбург.

Подоцна започнува дуелот меѓу Вердер и Лајпциг.

Scroll to Top