Top Sport

Леклер со пол-позиција во Сингапур, Хамилтон втор, Фетел трет

Возачот на Ферари, Шарл Леклер помалку изненадувачки ја освои пол-позицијата за трката за Големата награда на Сингапур.

Иако очекувањата беа дека Луис Хамилтон од Мерцедес е фаворит уштершната трка да ја започне од првата позиција, сепак Британецот денешните квалификации ги заврши како втор.

Трет на утрешната трка во Сингапур ќе стартува клупскиот колега на Леклер, Германецот Себастијан Фетел. Од вториот стартен ред, како четврти трката ќе ја започне Макс Ферстапен од Ред Бул.

Валтери Ботас ќе стартува петти, а вториот возач на Ред бул, Александер Албон – шести.

Првата десетка ја дополнуваат Саинц, Рикардо, Хулкенберг и Норис.

Утрешната трка во Сингапур која ќе започне во 14 часот е 15-та во Ф1 календарот за годинава.

Во генералниот пласман Хамилтон е со 284 бода, втор е Ботас со 221, додека трет е Ферстапен со 185 бода.

Scroll to Top