Фудбалерите на Интер го совладаа градскиот ривал Милан со 2-0 во дербито на Италија познато како „Дела Мадонина“. Според случувањата на теренот, победата сосема заслужено оди кај „нероазурите“ кои беа поконкретни, имаа многу повеќе прилики за гол.
Во две од нив топката заврши во мрежата зад грбот на инаку одличниот голман на Милан, Џиџи Донарума.
Првото полувреме помина во знакот на неколку поништени голови, со резултат 0-0.
Во вториот дел, во 49 минута Брозовиќ упати шут од дваесетина метри, топката неколкупати се одбиваше од играчите и заврши во мрежата.
Најсилното засилување на Интер, Ромелу Лукаку во 79 минута ја запечати победата, со удар со глава го матираше противничкиот голман.
Избраниците на тренерот Конте уште неколкупати ја гаѓаа рамката од голот, но на крајот мечот се заврши со резултат 2-0.
Интер има перфектен старт во Серија А, 4 победи во 4 кола. Милан со 2 победи и 2 порази е на средината на табелата.