Партизан е победник на 161. издание на „вечното“ белградско дерби со Црвена звезда, откако Сејдуба Сума постигна фантастичен гол при 2:0 триумфот на „црно-белите“.
Откако актуелниот шампион, Црвена звезда имаше шест победи во првите шест меча од сезоната во српската Суперлига, дербито беше совршена шанса Партизан да се доближи до својот ривал откако во првите шест кола, тие двапати одиграа нерешено.
По „тивкото“ прво полувреме, Звезда прва постигна гол во 70. минута од мечот преку Милуновиќ, но тој беше поништен поради фаул над голманот на Партизан. Во 80. минута, фудбалерот од Гвинеја, Сума се најде во шанса пред шестнаесетникот на Звезда по грешка на гостинските фудбалери и упати топовски удар. Конечните 2:0 беа поставени во 93. минута од мечот преку Зоран Тошиќ.
Звезда останува четврта со 18 поени, еден повеќе од Партизан на петтото место, додека изненадувачки лидер е тимот на Бачка Топола со 21 поен, иако тој тим има два натпревари повеќе (Звезда и Партизан имаа одложени мечеви поради европските купови).