Шефовите на Ферари сакаа да ја разјаснат ситуацијата на Сингапур ГП трка, каде што решија да го внесат Себастијан Фетел прв во боксот пред Шарл Леклер, стратешка одлука која на крајот му донесе победа на Германецот и го остави лут младиот возач од Монако.
Фетел успеа да ги помине Леклер и второпласираниот Луис Хамилтон, кога беше внесен во 19. круг од трката, еден круг пред Леклер, кој на крајот заврши зад својот колега. Потоа, Ферари јасно му порачаа на Леклер да не се обидува да го помине Фетел. Шефот на Ферари, Матија Биното вели дека нивната одлука била „логична“.
„Ферстапен беше подготвен да влезе во боксот, така што моравме да ја заштитиме позицијата на Себастијан. Најдобрата шанса беше да се обидеме да го поминеме Хамилтон, а потоа ќе го сопревме Шарл. Тоа беше вистинско време за Себастијан и тоа е тркањето“, вели Биното.
По крајот на трката Биното беше забележан во остра дискусија со агентот на Леклер, Никола Тод, а самиот Леклер преку радиото порача дека е „многу разочаран“ од одлуката.
„Што му кажав? Дека разбирам дека Шарл е исфрустриран, што е позитивен став. Му кажав дека сценаријата во трките се поголеми и се надевам дека го разбираат тоа. За нас е важно Шарл да е задоволен во тимот. За него ова е пропуштена победа, но можеби беше обратно во Белгија“, вели Биното.