Top Sport

ЛШ: ПСЖ најде решение за Сегед, Кјелце без мака со Мотор

По минатонеделниот триумф над Барселона, се очекуваше Пик Сегед да има реални шанси за победа и на гости во Париз, и тоа беше реално во првите 35 минути од мечот, пред минатогодишниот финалист од ЛШ, Пари Сен-Жермен да прими само еден гол во следните четиринаесет минути за 30:25 победа.

Унгарскиот клуб не успеа да постигне гол во првите шест минути од мечот, но потоа беше релативно рамноправен противник на ПСЖ, кои без Микел Хансен се мачеа да стигнат до голот надвор од девет метри.

Но, во второто полувреме, домаќините дозволија само еден гол од 35. до 49. минута, со фантастичниот Родриго Коралес на голот за на крај да стигнат до победа. Никола Карабатиќ беше најефикасен со осум постигнати голови.

Во групата Б, каде што е македонскиот и европски шампион Вардар, Кјелце имаше фантастично прво полувреме во кое направи 11 гола разлика против украинскиот Мотор Запорожје, за на крајот да победи со 33:26.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ГРУПА А

Алборг – ППД Загреб 30:20 (13:11)

Пари Сен-Жермен – Пик Сегед 30:25 (16:14)

Табела: 1.Флензбург 4, 2.ПСЖ 4, 3.Барселона 2, 4.Алборг 2, 5.Пик Сегед 2, 6.ППД Загреб 0, 7.Елверум 0, 8.Целје 0

ГРУПА Б

Вардар – Порто 32:27 (14:16)

Кјелце – Мотор 33:26 (22:11)

Табела:  1.Вардар 4, 2.Кил 3, 3.Кјелце 1, 4.Веспрем 2, 5.Монпелје 2, 6.Порто 2,, 7.Мешков Б. 0, 8.Мотор 0

Scroll to Top