Ако некој се прашуваше зошто Пари Сен-Жермен толку силовито ги одбиваа понудите од Шпанија за трансфер на Нејмар, Бразилецот сам даде одговор, откако втор меч во низа во француската Лига 1 со негов гол „принцовите“ стигнуваат до победа.
Една недела откако постигна неверојатен гол со ножички за победа над Стразбур, Бразилецот беше клучен човек за победата од 1:0 на тешкото гостување во Лион. Нејмар во 87. минута успеа да го скрши отпорот на домаќините, во ситуација во која беше опкружен со гостински дефанзивци, тој убаво се „изврте“ и го совлада голманот Лопеш.
ПСЖ останува прв во Лига 1 со 15 поени, три повеќе од Анжер и Ница, додека Лион се само 9. со со осум поени.
who else? Neymar amazing goal pic.twitter.com/CDo5nwWl9V
— kaz (@PsychoLoco4L) September 22, 2019