ФИФА одлучи за најдобар гол во сезоната 2018/19 да го прогласи сензационалниот гол на напаѓачот на Дебреце, Даниел Зори против Ференцварош, победувајќи ги сите славни имиња кои беа кандидати.
Меѓу десетте номинирани голови имаше и фантастични голови од Лионел Меси, Златан Ибрахимовиќ, Фабио Кваљарела и Андрос Таунзенд, пред оваа листа да биде намалена на тројца финалисти – голот Зори, голот на Меси против Бетис, и голот на Хуан Фернандо Квинтеро од Ривер Плата.