Top Sport

Биелса, кој ги шпиунираше англиските клубови, доби награда за фер-плеј! (видео)

Менаџерот на англискиот Лидс, Марсело Биелса е добитник на наградата за фер-плеј од страна на ФИФА, и покрај тоа што минатата сезона беше вклучен во скандалот околу „шпиунирањето“ на свотие противници од англиската втора лига.

Биелса ја доби наградата за гестот од мечот против Астон вила на 28 април, кога им нареди на своите играчи да им „пуштат“ гол на противниците бидејќи неговите фудбалери постигнаа гол додека еден противнички фудбалер се жалеше на повреда.

Сепак, Биелса исто така беше забележан со големиот скандал (барем за англиски рамки), кога призна дека праќал луѓе да ги шпиунираат тренинзите на своите ривали, нешто што не е пракса во Англија. Тој беше казнет и сам ја плати казната не дозволувајќи тимот да се „искешира“.

Ваков меч не сте гледале – Лидс и Астон вила во шест минути лудило во Чемпионшип (видео)

Scroll to Top