Јирген Клоп имал намера да го засили тимот во јануарскиот преоден рок, кога во вториот дел од сезоната ќе треба да игра во нокаут фазата во Лигата на шампионите и да се трка за шампионската титула во Англија, која клубот од „Енфилд“ последен пат ја освоил во 1990 година.
Голема желба на Германецот е играчот за врска на Лестер, Џејмс Медисон. Според англиските медиуми, Клоп сметал дека Медисон може да биде вистинска замена за Фелипе Кутињо.
Медисон во континуитет игра добро, поради што се шпекулира дека покрај Ливерпул интерес за него има и кај Манчестер Јунајтед односно Челси.
Лестер за Медисон во летниот преоден рок минатата година издвоија 25 милиони фунти. Поради потенцијалот што го поседува се шпекулира дека во овој момент неговата цена е најмалку 50 милиони фунти.