Конзервативната арапска нација Катар, каде што во 2022 година ќе се оддржи Светското првенство во фудбал е блиску до договор за намалување на цените на алкохолот и достапноста пред Мундијалот, но со услов да се контролираат англиските навивачи, ако Англија се квалификува.
Претседателот на организациониот комитет за СП 2022, Насер Ал-Хатер изјави дека голема загриженост предизвикува „анти-социјалното однесување“ на англиските фанови на финалето од УЕФА Лигата на нации во Португалија, кога фрлаа со шишиња кон полицијата и предизвикаа неколку тепачки.
„Ќе се обидеме да најдеме начин за фановите да биде достапен алкохолот и да биде намалена цената“, призна Ал-Хатер.
Сега, туристите можат да купат алкохол во Катар само од лиценцирани хотели (околу 40-тина во целата земја) за сума од приблнижно 12 евра за пиво. Во Катар постои само една продавница за алкохол, но за да купуваш во неа, мораш да бидеш не-Муслиман и да имаш дозвола.
Ал-Хатер изјави дека тие соработуваат со безбедносните служби во Англија за да го разберат менаџирањето на алкохолизираните навивачи. Само уште Англија да се квалификува.