Top Sport

Колмен единствен под 10 секунди во квалификациите на 100 метри

Американецот Кристијан Колмен ја оправда фаворитската улога откако постави најбрзо време во првото коло на 100 метри на Светското првенство во атлетика во Доха, Катар.

Колмен успори пред финишот во последната од шесте трки, но сепак, успеа да постави време од 9.98 секунди, и беше единствениот тркач кој беше под 10 секунди. Второ најдобро време од 10.01 постави Јужноафриканецот Акани Симбине, додека американскиот ветеран и актуелен светски шампион, Џастин Гетлин имаше време од 10.06, пред Јамајчанецот Јохан Блејк (10.07).

Околу Колмен, кого многумина го сметаат за достоен наследник на Јусеин Болт во спринтерските трки, имаше многу контроверзи пред стартот на шампионатот. Тој пропушти три допинг-теста во последните 12 месеци, но успеа да избегне едногодишна суспензија поради технички пропуст на тестерите.

Scroll to Top