Македонската женска ракометна репрезентација го забележа вториот пораз во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во Данска и Норвешка.
Македонските репрезентативки, пред три дена беа поразени во Шведска, а вечерва во Скопје, запишаа убедлив пораз од Чешка 29:27 (14:14).
Избраничките на селекторот Сименвски едно полувреме им се спротивставија на фаворизираните Чехинки. Во првото полувреме одиграа нерешено 14:14, но во вториот дел немаа сили да го одржат темпото што го наметнаа во првиот дел.
Наредниот меч Македонија ќе го одигра кај Португалија на 25 или 26 март наредната година.
фото/macedoniahandball.com.mk