Шпанецот Пабло Карењо Буста ја освои својата прва АТП титула по повеќе од две години, откако во тежок меч со 6:7(5)/6:4/7:6(3) го победи Александер Бублик во финалето на Ченгду опен во Кина.
Во саботата, Карењо Буста ја прекина низата од шест порази во полуфиналиња, а во финалето успеа да изддржи 31 ас од Казахстанецот за своја четврта титула во кариерата, и прва по таа од Есторил опен во мај 2017 година.
28-годишниот Карењо Буста, кој е 63. на АТП листата, исто така го спречи 22-годишниот Бублик да стигне до својата прва АТП титула, откако Казахстанецот победи четири меча во три сета. Бублик оваа година исто така загуби и во финалето на Хол оф фејм опен.