Познатиот фитнес-тренер Пол Дороченко, човекот кој помогна да се изгради тенискиот карактер на Роџер Федерер вели дека швајцарскиот освојувач на рекордни 20 гренд слем титули целосно се сменил поради огромните пари кои ги добивал од „Најк“ како дел од спонзорскиот договор.
„Почнав да работам со Федерер кога Серхи Бругуера веќе не сакаше да работи со мене. Добив повик од Швајцарија и ми кажаа дека имаат едно 17-годишнот момче Федерер кое не игра лошо. Кога почнав да работам со него, знаев дека координацијата беше најважна. Федерер игра со десната рака, но има доминантно лево око и затоа негов природен удар е форхендот. Но, момчето беше малку контроверзно – кршеше рекети, се однесуваше лошо“, вели Дороченко.
Тој тогаш ги објасни работите кои ја „свртеле“ кариерата.
„Прво му помогна тоа што имаше спортски психолог од својата 18-та година, тоа што имаше жена која е амбициозна и тоа што ’Најк’ му дадоа толку пари и сакаа да изградат имиџ. Парите од ’Најк’ помогнаа тој да се однесува добро“, вели Дороченко.
Тој престана да работи со Федерер кога тој имаше 20 години, поради тоа што му се „смачило“ од однесувањето на Швајцарецот.