Џошуа Кимих, младата ѕвезда на Баерн Минхен не беше претерано задоволен по мечот на Баварците против Падерборн иако неговата екипа триумфираше со 3-2.
„Не направивме добра работа, беше тоа многу отворена борба, имавме подобри шанси. За дуплиравме предноста рано во вториот дел, тогаш требаше да го заклучиме натпреварот. Сепак, му дозволивме на противикот да се врати во мечот. Ни недостасува доминантност“ – вели Кимих.
Тој додава дека Баерн на ниеден меч сезонава не успеал да доминира сите 90 минути.
„Морам да признаам дека сезонава се уште не сме успеале да доминираме во текот на цел меч“ – рече 24-годипниот германски фудбалер.
Баерн е лидер по 6 кола со 14 бода, зад него се Лајпциг, Фрајбург, Шалке, Борусија Менхенгладбах и Баер Леверкузен со по 13 бода.