Познатиот француски хирург, Филип Менаше, човекот кој го лекуваше Михаел Шумахер во болницата „Жорж Помпиду“ се огласи во врска со медиумските написи за својата работа. Неколку европски таблоиди пренесоа информација дека Манаше врз Шумахер користи експериментална терапија.
„Не сум волшебник и не правам чуда. Јас и мојот тим не експериментираме, тој термин за нас не постои. Се случи „медиумска експлозија“ по медиумските написи, но ситуацијата се нормализираше. Многу напредувавме во последните 20 години, но и натаму малку знаеме за стем ќелиите“ – рече Менаше.
Поминаа повеќе од 5 години откако Шумахер настрада на скијање на француските Алпи.
Легендарниот Ф1 возач и понатаму се опоравува, а информациите за неовата состојба се сведуваат на медиумски нагаѓања и детали кои најчесто ги лиферуваат анонимни извори.