Top Sport

Леклер по 4 години раскина со девојката, сакал да се фокусира на Ферари

Францускиот Формула 1 возач, Шарл Леклер е новата ѕвезда на „најбрзиот циркус“, по сите прогнози тој ќе биде идниот шампион.

Тимот на Ферари во него гледа пилот кој конечно ќе ја прекине доминацијата на Луис Хамилтон и Мерцедес.
Го споредуваат со Михаел Шумахер, а 21-годишникот од Монте Карло е подготвен да се одрече од се – само за да успее да стане најдобар.

Поради амбициите во Ф1, тој одлучил да ја прекине четиригодишната љубовна врска со манекенката Џада Џани, која јавно ги откри причините за раскинувањето.

„Шарл ме остави. Сака да се фокусира само на Ферари и на кариерата“ напишала манекенката на Инстаграм.

Се чини дека Леклер задоцни за оваа сезона, има 109 бода помалку од Хамилтон во генералниот пласман, на 5 трки до крајот на шампионатот.
https://www.instagram.com/p/BmaoYZQBVnM/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Scroll to Top