Top Sport

Атлетичарките контра „непристојните“ камермани на СП

Снимките од стартните блокови на Светското првенство во Катар ќе бидат „намалени и ограничени“, откако дел од атлетичарките се пожалија дека со нив се покажуваат интимни области на нивното тело.

Камерите кои се вградени во стартните блокови требаше да донесат „иновативен агол на гледање на спортот“, покажувајќи ги последните секунди во подготовките пред трките, но атлетичарките не го делеа ентузијазмот од технологијата како организаторите.

Германските спринтерки Татјана Пинто и Џина Ликенкемпер јавно проговорија за камерите, велејќи дека не се чувствуваат удобно.

„Многу е непријатно да се стапнува над овие камери вака облечена“, изјави Ликенкемпер.

Германската атлетска федерација (ДЛВ) официјално се жалеше до Интернационалната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ), и под новите правила, ќе се ограничи користењето на снимките и ќе се покажува само моментот кога атлетичарките ги поставуваат своите стапала на блокот.

Scroll to Top