Мауро Икарди го постигна својот прв гол во дресот на Пари Сен-Жермен, и тој беше одлучувачки за важна 1:0 победа над Галатасарај сред Истанбул за сигурно заддржување на првото место во групата А.
Аргентинецот пристигна на „Паркот на принцовите“ минатиот месец на позајмица од една сезона од Интер, и по една убава тимска акција на ПСЖ, ја протна топката во голот на Галатасарај. ПСЖ исто така покажаа дека имаат ментална сила да победат на неприајтелска атмосфера во Истанбул, а можеа да дадат уште неколку голови доколку Анхел ди Марија беше попрецизен во неколку ситуации.
Icardi scores his first goal for PSG and his first goal from an open play in nearly a yearpic.twitter.com/M226uMVNbz
— Daniele (@EdenDassidy) October 1, 2019