Еурофарм Работник го продолжи совршениот старт на сезоната во СЕХА лигата, откако во Битола успеа да го „шокира“ унгарскиот гигант Веспрем и да стигне до 26:24 (14:8) победа, нивна трета во третиот меч во регионалното натпреварување.
Тимот на Стевче Алушовски уште од стартот покажа дека оди на победа против ослабениот унгарски тим, и на полувреме имаше огромна предност од шест гола (14:8), која ја зачува и во второто полувреме за импресивна победа.
Ловро Јотиќ беше одличен со осум постигнати голови, пет уфрли Ненад Стјепановиќ, а по четири Остроушко и Граѓан. Кај унгарскиот тим, Драган Гајиќ беше најефикасен со девет гола.
Фото: СЕХА лига