Top Sport

Ериксен демантира дека Фертонген спиел со неговата девојка

Данецот Кристијан Ериксен преку социјалните мрежи ги демантираше лудите шпекулации дека неговиот колега од Тотенхем, Јан Фертонген имал афера со неговата девојка, по што добил и ќотек.

Шпекулациите тврдеа дека белгискиот дефанзивец Фертонген имал афера со партнерката на Ериксен, Сабрина Квист, по што Хери Кејн морал да интервенира да спречи конфликт во тимот. Ериксен и Фертонген преку социјалните мрежи ги отфрлија тие тврдења.

„Срање!“, напиша 27-годишниот Ериксен споделувајќи ги вестите за шпекулациите.

32-годишниот Фертонген исто така го сподели твитот на Ериксен со „срце“.

Ериксен и Квист се заедно од 2012 година, а во 2018 година го добија првиот син Алфред. Фертонген, пак, има две деца со својата партнерка Софи де Фрис. Фертонген и Ериксен беа колеги и во Ајакс.

Ериксен и Фертонген беа во игра при катастрофалниот 7:2 пораз на домашен терен од Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Вертонген спиел со сопругата на Ериксен, па добил ќотек од Кејн

Scroll to Top