Top Sport

„Подготвени сме да умреме за Конте, сите би го дале животот за него“

Николо Барела (22) еден од најдобрите млади европски играчи во моментов, член на милански Интер летоска од Каљари прејде на „Џузепе Меаца“ за 35 милиони евра.

Со сјајните игри на почетокот на сезоната, со голот за реми против Славија Прага и бројните асистенции во Серија А се избори за место во стартниот состав кај тренерот Антонио Конте.

Барела во интервју за „Газета Дело Спорт“ пред утрешното дерби со Јувентус во Милано открива дека за својот тренер би го жртвувал и животот.

„Би умрел за него, и јас, но и останатите играчи. Тоа е она што Конте го издвојува од останатите тренери. Подготвени сме да убиеме за него. Сте виделе ли како неговите играчи трчаат на теренот? Тоа не е само поради физичката подготвеност, туку и поради пораките кои ни ги всади во глава. Конте има поинаков пристап за разлика од повеќето тренери. Начинот на кој размислува, говори и го пренесува знаењето е посебен“ – вели Барела.

За дербито со „Старата дама“ младиот фудбалер смета дека искуството е на страната на противникот.

„Единствената разлика меѓу нас и Јуве е искуството, тие се подолго време заедно. Тренерот работи на тоа да го премостиме тоа заостанување и тоа се гледа по 6-те победи во исто толку мечеви. Нема веќе да се случи како минатите сезони, Јуве да го освои Скудетото со 21 бо предност“ – смета Барела.

Scroll to Top