Top Sport

Тим Хауард објави крај на кариерата

Поранешниот голман на Евертон и Манчестер Јунајтед, Тим Хауард, стави крај на својата професионална кариера.

Американецот одлуката ја потврди откако го одигра последниот меч во дресот на Колорадо Рапидс.

Хауард (40) повлекувањето го најави уште во јануари.

Голманот во Премиер лигата забележал 414 настапи за Евертон и 399 за Манчестер Јунајтед. Со „црвените ѓаволи“ триумфирал во ФА и Лига купот.

Голот на САД го бранел на 121 натпревар. Хауард е рекордер на светските првенства, како голман со најмногу одбрани на еден натпревар.

Пред пет години на Светското првенство во Бразил, Хауард против Белгија забележал 15 интервенции.

Колорадо Рапидс регуларниот дел од сезоната во МЛС-лигата ја завршија на деветтото место и не изборија пласман во плеј-офот.

Scroll to Top