Top Sport

Џампаоло доби отказ, ќе го наследи Пиоли

Марко Џампаоло од денес повеќе не е тренер на фудбалскиот клуб Милан. Одлуката тренерот да добие отказ била донесена попладнево. Во меѓувреме челниците на Милан, Паоло Малдини и Звонимир Бобан се договориле нов тренер да биде Стефано Пиоли.

Џампаоло на клупата на славниот клуб се задржа 111 дена, а ниту победата во минатато коло во Џенова не го спаси од отказ.

Наследникто Пиоли бил прв пик на Малдини, а од страна на медиумите тој во нов тренер на Милан беше „промовиран“ вчера.

Малдини и Бобан се решила на ваков чекор за да му овозможат на новиот тренер да има десет дена да се запознае со фудбалерите, односно со оние што немаат репрезентативни обврски и што ќе останат во клубот во текот на оваа пауза.

Стефано Пиоли не е некое големо тренерско име, во минатото работел во Интер, а во април годинава поради серијата на катастрофални резултати добил отказ во Фиорентина.

Милан во овој момент се наоѓа на 13 место на табелата со девет бода (три победи и четири пораз). Пиоли на клупата ќе дебитира против Лече.

Scroll to Top