Адриен Рабио, слично како Матијс де Лихт, очигледно не е задоволен од состојбата во Јувентус, каде што дојде како слободен играч од Пари Сен-Жермен, но не успеа да избори место во стартните 11 на Маурицио Сари, кој се потпира на искусните Миралем Пјаниќ, Сами Кедира и Блез Матуиди.
Рабио, кој имаше долга „сапуница“ со ПСЖ пред клубот да го казни и да го постави да тренира со резервниот тим, сега наводно ја задолжил својата мајка и агент, Вероник да почне со преговорите за трансфер во друг клуб, наводно заинтересираната Барселона.
Според италијанските медиуми, во Јувентус воопшто не се задоволни од однесувањето на Рабио, но засега не се вмешуваат во работата на мајката на Французинот. Како и да е, очигледно ќе гледаме и реприа на „сапуницата“.