Руските гимнастичари првпат во историјата го освоија златото на Светското првенство во гимнастика во Штутгарт, Германија, откако во драматична завршница ги победија Кинезите.
Рускиот тим, кој се квалификуваше за финалето со најдобар резултат, имаше одлични перформанси во вторникот, правејќи предност пред Кина и Јапонија. Петчлениот состав предводен од светскиот шампион во повеќебој Артур Далалојан, постави најдобри резултати во партер, прескок, алки и вратило за вкупно 261.726 поени.
Актуелните шампиони Кина, кои беа речиси совршени во пет од четири дисциплини, имаа водство од 1.4 поени пред последната дисциплина, но имаа пад на вратилото и не успеаја да го повторат минатогодишниот успех, кога ја победија Русија за една десетинка од поенот. Кина овојпат заостана повеќе од еден поен, а Јапонија го освои бронзениот медал.
Ова е првпат Русија да освои тимско злато од 1991 година, кога последен пат со титулата се закити поранешниот Советски Сојуз.
artur dalaloyan not giving any points away pic.twitter.com/mwFZ5nkw6Z
— EMILY ? (@flipflytumble) October 9, 2019