Жереми Менез некогаш беше голема фудбалска ѕвезда, иако во Милан не го откри до крај својот потенцијал. На залезот на кариерата тој ќе игра за второлигашот Париз ФЦ чии тренер е Мехмед Баждаревиќ.
Менез е поранешен фудбалер на Сошо, Монако, Рома, ПСЖ, Милан, Бордо, Анталија, а последната година играл во Мексико, за клуб Америка.
Меѓутоа во Мексико одиграл само 18 натпревари, константно тврдел дека е повреден поради што добил отказ.
„Додека наводно бил повреден тој константно одел по журки. Тоа не им се допадна на луѓето во клубот и решија да го избркаат. Дури успеа и да ја заведе сопругата на Алекс Ибара“, изјавил извор од Клуб Америка за „ТВ Нотас“.
Дурги мексикански медиуми решиле до крај да ја откријат приказната за 32 годишниот фудбалер. Тие дошле до снимки на кои јасно се гледа дека Менез времето кога бил „повреден“ го минувал со проститутки, дрога и алкохол.
asi las guapas escorts de jeremy menez levantando mas que el evento ?? pic.twitter.com/yD1gPqPQPx
— CandyShowDAILY (@TheCSdaily) October 8, 2019
https://twitter.com/eduardoo0598/status/1181437271939133440