Top Sport

Матиќ од јануари во Интер?

Италијанските медиуми во вторникот објавија дека челниците на Интер биле подготвени во јануарскиот преоден рок да испрата понуда до Манчестер Јунајтед за Немања Матиќ.

Српскиот репрезентативец не игра многу оваа сезона, а со оглед на тоа дека договорот му важи до крајот на сезоната, а од клубот не му понудиле продолжување на соработката, реално е на „Олд Трафорд“ да ја прифатат понудата од Интер.

Медиумите во Италија пишуваа дека Антонио Конте исклучително ги ценел квалитетите на Матиќ и дека сакал да има таков играч во својот тим.

Интересно е што Матиќ го напушти Челси и се пресели во Јунајтед во времето кога Конте стана менаџер на „сините“.

Scroll to Top