Фудбалерите на Бразил одиграа денеска пријателски меч со селекцијата на Сенегал во Сингапур. „Кариоките“ иако во полн состав, одиграа само 1-1 со Сенегалците.
Роберто Фирмињо во 9 минута ги доведе Бразилците во водство, а во последните моменти од првиот дел од пенал изедначи Фамара Диедиу.
На овој меч свој јубилеј славеше Нејмар – 100-ти меч за Бразил. Со ова 27-годишникот стана најмладиот играч на „Кариоките“ на кого ова му успеало.
Откако ја освоија Копа Америка, Бразилците се без победа. Одиграа нерешено со Колумбија, а забележаа пораз со 1-0 од Перу.
Во недела Бразил исто така во Сингапур игра пријателски меч против селекцијата на Нигерија.
Ова се најинтересните моменти од дуелот со Сенегал:
https://youtube.com/watch?v=SquayDXxI7k