Top Sport

Карлос: Не можеш да ни ги земеш пивото и виното и да останеш тренер на Реал

Еден од најдобрите леви бекови на сите времиња, бразилскиот фудбалер Роберто Карлос (46) за португалски „Canal 11“ изјави како функционираше надвор од теренот славната реалова генерација, популарните „Галактикоси“ со Роналдо, Фиго, Зидан…

„Роналдо го запознав во 1993 година. Секогаш бевме цимери, и во клубот, и во репрезентацијата. Повеќепати сум спиел со него, отколку со жена ми. Во Реал имавме обичај пред вечерата да се напиеме пиво, а со вечерата на секоја маса имаше барем по две шишиња вино. Кога дојде тренер да биде Вандерлеи Луксембурго, наш човек, Бразилец, јас и Роналдо му кажавме ,Професоре, тие луѓе имаат некои свои обичаи на кои се придржуваат. Ќе видите за што се работи, само немој да ги менувате обичаите. Не ни го земајте пивото пред и виното за време на вечерата,“ – се потсетува Роберто Карлос.

Бразилскиот ас раскажува кој бил следниот чекор на новиот тренер на „Галактикосите“.

„Најпрво го укина пивото, па потоа и виното. Во Реал траеше само 3 месеци. Хозе Камачо п клупска и шпанска легенда, сериозен човек, господин. Дојде, со секој посебно се ракуваше. Сите ние чекаме некој говор, а он вели ,Утре во 7 на тренинг. Сите, до еден,. Тој траеше 10 дена“ – рече Карлос.

Бразилецот даде свое мислење и за Дел Боске, но и за луксузот во кој живееле ѕвездите на Реал.

„Висенте Дел Боске имаше фантастични успеси со Реал и со Шпанија, затоа што во се се разбираше. Бевме Роналдо, Фиго, Раул, Зидан, Бекам, Рамос, Касилјас, јас, можеше да има многу опасни ситуации, но сами се држевме под контрола и не беше паметно да се воведуваат некои нови радикални правила. Завршува мечот, секој седнува во својот автомобил и пак се среќаваме на аеродром. Роналдо седнува во својот приватен авион, Зидан во својот, Фиго во својот, јас во мојот. И никој нема поим како другите одат. Бевме млади и полни пари“ – рече Роберто Карлос.

Scroll to Top