Кениецот Елиуд Кипчоге стана првиот човек во историјата кој успеал да истрча маратонска трка со време под два часа, откако во саботата во Виена ги истрча 42 километри за неверојатни 1:59:40.
Трката официјално не е признаена од страна на Интернационалната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ), бидејќи во неа се користеа повеќе „пејсмејкери“ (маратонци кои се тука само да му помогнат на лидерот да го држи темпото), а се користеше и автомобил за да се диктира темпото на Кениецот. Сепак, ова не го намалува неверојатниот успех и покажува дека атлетските рекорди се тука за „фаќање“.
„Јас сум најсреќниот човек на светот. Се надевам дека со ова ќе ги инспирирам луѓето дека ниту еден човек, ниту една граница не е непремостлива“, вели Кипчоге.
Неговиот прв обид за трка под 2 часа беше во Монца, Италија минатата година, но тогаш не успеа да ја мине митската граница.
HISTORY! pic.twitter.com/qjLfofhL5s
— Eliud Kipchoge (@EliudKipchoge) October 12, 2019