Тинејџерката Коко Гоф стигна до своето прво финале во кариерата, откако 15-годишната Американка со 6:4/6:4 ја победи Германката Андреа Петкович во полуфиналето.
За својот прв ВТА трофеј, Гоф ќе се бори со поранешната шампионка од Ролан Гарос, Летонката Јелена Остапенко, која се намачи за да стигне до 1:6/7:6(5)/7:5 ја совлада Русинката Екатерина Александрова.
Гоф, која стана позната кај тениските фанови со пласман во осминафиналето на Вимблдон оваа година, е најмладата тенисерка во финале откако Никол Ваидишова ја освои титулата во Ташкент во 2004 година.
„Навистина не ми се верува дека сум во финале. Линц очигледно е моето среќно место“, вели Гоф, која успеа да влезе во главната ждрепка како „лаки лузер“ – односно загуби во последното коло од квалификациите, но влезе на турнирот по повлекување на друга тенисерка.