Top Sport

Момчето кое го „сруши“ Јунајтед има неделна плата од 850 фунти

Мети Лонгстаф, младиот фудбалер кој постигна гол со кој Њукасл стигна до 1:0 победа над Манчестер јунајтед, има договор со клубот со кој добива плата од 850 фунти неделно.

19-годишниот Лонгстаф дебитираше во Премиер лигата против „ѓаволите“ покрај неговиот постар брат Шон Лонгстаф, кој му ја додели наградата за најдобар фудбалер на мечот. Според „Сан“ првиот професионален договор во Њукасл носи ваква плата, многу пониска од неговите соиграчи.

Њукасл, наводно, се обидува да му даде долгогодишен договор до крајот на сезоната. Интересно, но неговиот брат Шон Лонгстаф беше мета токму на Јунајтед во текот на летниот преоден рок, кога се поврзуваше со трансфер вреден 50 милиони фунти. Шон има договор до 2022 година.

Агонијата продолжува, Јунајтед поразени во Њукасл (Видео)

Scroll to Top