Top Sport

Седуммина Македонци играат во „Топ 5“ првенства во Европа

На најновата листа на „малите“ држави со најмногу претставници во петте најсилни европски национални првенства Македонија се наоѓа на 17 место. Седум фудбалери од Македонија настапуваат во Серија А, Ла Лига, Лига 1, Премиер лигата и Бундес лигата. Од државите од поранешна Југославија помалку играчи во најсилните првенства имаат само Косово (6) и Црна Гора (5), додека најдобро котираат Србија (36), Хрватска (28), Босна и Херцеговина (15) и Словенија (10).

Во четири од петте најсилни национални шампионати во Европа игра најмалку еден Македонец. Македонија нема репрезента само во Премиер лигата.

Најмногу Македонци играат во Серија А. Елиф Елмас е во Наполи, Горан Пандев во Џенова, а Илија Несторовски во Удинезе.

Двајца, Енис Барди (Леванте) и Александар Трајковски (Мајорка) се во шпанската Ла Лига, а претставници на Македонија во Бундес лигата и француската Лига 1 се Дарко Чурлинов (Келн), односно Влатко Стојановски (Ним).

Scroll to Top