Top Sport

Дамјан Стојановски МВП на колото

МЗТ Скопје победија на трите натпревари од почетокот на сезоната во АБА2-лигата и заедно со Борац се на челната позиција со максимални три победи. Третата победа македонските шампиони ја забележаа во вторникот над Рогашка 74:54.

Натпреварот против Рогашка во „Јане Сандански“ мина во знакот на капитенот на МЗТ Дамјан Сотјановски.

Репрезентативецот на Македонија натпреварот го заврши со 18 поени 5/8 тројки), 9 скока, 2 асистенции и 5 украдени топки. Стојановски забележа 29 индексни поени кои му беа доволни да биде прогласен за МВП на третото коло.

Во првите три кола кошаркарите на МЗТ се претплатени за наградата МВП на колото. Во првата рунда најкорисен беше Нуни Омот, а во втората Џабари Хиндс.

Scroll to Top