Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ сепак нема да се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед.
Манџукиќ ќе го напушти Јувентус но ќе остане во Серија А, пишува „Ил Џорнале“.
Според овој извор покрај Манчестер Јунајтед, за Манџукиќ биле заинтересирани Милан и Интер, а тој наводно веќе постигнал договор со Милан, каде еден од челниците е неговиот сонародник Звонимир Бобан.
Милан оваа сезона го има третиот најлош напад во Серија А. Ефикасноста треба да им ја поправи Манџукиќ кој во кариерата има постигнато 212 голови на 538 одиграни натпревари.