Top Sport

Кокшаров: Одлуката да се смени Писонеро не е донесена „преку ноќ“

Претседателот на РК Вардар, Сергеј Самсоненко, ја донел одлуката за смена на тренерот Давид Писонеро. Смената на клупата на европскиот првак доаѓа по катастрофалниот пораз од Кил (20:31) во Лигата на шампионите. Писонеро сепак ќе остане во Вардар и ќе му биде асистент на Едуард Кокшаров, за кого не е дефинирано дали е преодно или стални решение за тренерската позиција.

За актуелната ситуација во Вардар, селектор на Русија, Кокшаров, проговорил за рускиот портал „Хендбал фаст (handballfast.com).

Според него иако неколкумина од шампионскиот тим си заминале, ‘рбетот на екипата бил сочуван, но Вардар на теренот го загубил својот идентитет. Играта не била препознатлива како што била во времето на Раул Гонзалес и Гарсија Парондо.

„На тимот му е потребно време да се воигра. Но првиот човек на клубот сметаше дека е момент кога треба да преземе радикален чекор“, рекол Кокшаров и продолжил.

„Одлуката ја донесе претседателот на клубот. Мислам дека смената не дојде спонтано, во принцип размислувал за тоа“.

Новиот тренер проговорил и за судбината на Писонеро.

„Колку што знам него му беа понудени две опции: да се раздели со клубот или да остане во Вардар како помошник тренер. Тој ја избра втората опција. Не можам да замислам како тоа ќе се спроведе“, рекол Кокшаров.

Инаку Едуард Кокшаров првиот меч како тренер ќе го има в сабота кога Вардар ќе му гостува на Веспрем.

Кокшаров нов тренер на РК Вардар, Писонеро ќе му биде помошник

Scroll to Top