Фудбалскиот менаџер и поранешен спортски директор на Црвена ѕвезда, Зоран Стојадиновиќ, рекол дека напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ не ги заслужува условите кои ги има во договорот.
„Лука има феноменален договор во Реал. Секоја чест за оној што успеал да ги издејствува тие услови. Доколку мене ме прашата ќе речам дека Лука не ги заслужува тие услови и дека е далеку од тие пари. Но секоја чест за него и за неговиот застапник кој успела да ги извлече тие пари од Реал“, рекол Сотјадиновиќ.
Тој рекол дека чудно е што Реал се согласил да потпише таков договор со реал бидејќи само „кралскиот клуб“ испратил официјална понуда за сега веќе поранешниот играч на Ајнтрахт.
„Треба да му се подигне споменик на оној што му обезбедил ваков договор“, заклучил Стојадиновиќ.
Лука Јовиќ, според договорот, ја има третата највисока плата во Реал. Заработува повеќе дури и од капитенот Серхио Рамос, а пред него според плата се само Еден Азар и Герет Бејл.
Српскиот напаѓач има бруто годишна плата од 20,8 милиони евра, а Реал за неговиот трансфер издвои 60 милиони евра.