Британската поп-ѕвезда Роби Вилијамс потврди дека ќе го објави својот прв божиќен албум, а на него и дуо со поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури.
Со наслов „Божиќен подарок“, Вилијамс ќе го објави албумот со 28 песни за божиќните празници, а ќе му помагаат Род Стјуарт, Брајан Адамс и Џејми Калам, како и Фјури. Популарниот „Џипси кинг“ ќе биде присутен на песната „Лоша Шерон“.
Вилијамс се запознал со Фјури во јуни во Лас Вегас по победата над Том Шварц, и веднаш го прашал за соработка.
„Тајсон ме покани во соблекувалната пред мечот и веднаш му кажав дека сум го слушнал како пее во рингот и го поканив да биде гостин. Тој веднаш се согласи“, вели Вилијамс.
Tyson Fury is going for a Christmas no.1 according to @robbiewilliams ?? pic.twitter.com/lIXRW4Oyqk
— Boxing on BT Sport ? (@BTSportBoxing) October 18, 2019
View this post on Instagram
Can’t wait till you hear ? this new Christmas ? song. #wowclassic @robbiewilliams ????????????