Top Sport

Јунајтед не го даваат – нов четиригодишен договор за Гринвуд

Талентот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд потпиша нов четиригодишен договор со клубот од „Олд Трафорд“ со опција за уште една година.

18-годишниот напаѓач, кој влезе во академијата на Јунајтед во својата седма година, доби неочекувана шанса во првиот тим на Оле Гунар Солскјер по заминувањето на Ромелу Лукаку и Алексис Санчез и досега има два гола оваа сезона. Неговиот прв гол, против Астана во Лига Европа, беше прв гол за Јунајтед на играч роден во 2000-тите.

„Бидејќи израснав како навивач на Манчестер јунајтед, играњето за првиот тим е остварување на мојот сон. Знам дека кога играм за овој клуб, ја претставувам целата фудбалска академија и сакам да вратам за довербата која ми е дадена. Ова е совршен тим за да го исполнам мојот потенцијал“, вели Гринвуд.

Scroll to Top