Top Sport

Кина демантира дека баралe отказ за генералниот менаџер на Рокитс

„Расправиите“ помеѓу НБА и Кина донесоа нова епизода во петокот, откако кинеските власти го демантираа комесарот на НБА, Адам Силвер дека побарале да биде отпуштен генералниот менаџер на Хјустон рокитс, Дерил Мори за неговата поддршка на протестите во Хонконг.

„Кинеската влада никогаш не постави вакво барање. НБА знае подобро од било кој друг како да ги поправи односите со Кина“, изјави портпаролот на Кинеското министерство за надворешни работи, Генг Шуанг.

Твитот на Мори предизвика огромни реакции во Кина и огромни финансиски реакции за лигата. Силвер вели дека НБА е подготвена да се справи со финансиските последици за контроверзите, признавајќи дека финансискиот удар веќе се чувствува.

Сопственикот на Рокитс, Тилман Фертита го осуди Твитот на Мори, додека ѕвездата на клубот, Џејмс Харден се извини на Кинезите. Леброн Џејмс пак, наиде на осуди во САД, откако изјави дека Мори направил „голема грешка“ и дека слободата на говорот може да донесе до лоши последици.

Во дискусијата се вклучи и американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека тренерот на Сан Антонио, Грег Попович и тренерот на Голден Стејт, Стив Кер, се полни со критики за САД и неговата политика, но не смеат да кажат „ништо лошо“ за Кина.

Леброн на страна на Кинезите – менаџерот на Хјустон не бил „доволно едуциран“

Scroll to Top