Top Sport

Енди Мареј во прво полуфинале од 2017!

Поранешниот светски рекет број 1, Енди Мареј стигна до своето прво полуфинале по повеќе од две години, откако во тежок меч со 6:3/6:7(7)/6:4 го совлада Романецот Мариуш Копил  на Европа опен во Антверпен, Белгија.

Ова ќе биде прво полуфинале за Мареј од Ролан Гарос во 2017 година и е одличен знак за Шкотланѓанецот кој се опоравуваше од операцијата на колкот и полека се враќа на сингл турнејата.

Тој поведе бргу со 2:0 во првиот сет, но Копил се врати со брејк, пред Мареј да го освои со 6:3. Тој поведе и со 3:1 во вториот сет, но упорниот Романец повторно се врати во игра и го зеде вториот сет во тај-брејк. Мареј беше очигледно среќен по освојувањето на третиот сет со еден брејк при 4:4.

Во полуфиналето Мареј ќе игра со подобриот од дуелот меѓу петтиот носител, Аргентинецот Гвидо Пелја и Французинот Иго Умбер. Во второто полуфинале ќе играат Стен Вавринка, по 6:3/6:7(6)/6:2 победата над Жил Симон, и Италијанецот Јаник Синер, кој со 6:4/3:6/6:4 го победи Американецот Френсис Тиафоу.

Scroll to Top