Иако беа преземени сите мерки за безбедност и за зачувување на приватноста, шпанските папараци успеаја да обезбедат фотографии од свадбата на тениската суперѕвезда Рафаел Надал со Франциска Перелјо во Мајорка во саботата.
Во тврдината „Ла форталеза“, која е изградена во 1628 година, Надал конечно стави прстен на раката на Перелјо, со која е заедно веќе 14 години, пред избрани 350 гости.
Според шпанските медиуми на церемонијата присуствувал и Хуан Карлос Први, кралот на Шпанија од 1975 до 2014 година, додека за исхраната на гостите се грижел познатиот готвак Кике Дакоста. Помеѓу гостите беа и тенисерите Фелисијано Лопез и Хуан Монако, шпанската актерка Каролина Серезуела, како основачот на компанијата за луксузни часовници, Ришар Миј.
Надал нема да има време за долг меден месец – тој ќе се врати на тренинзи пред настапите на завршните турнири од сезоната – Мастерсот во Париз, АТП финалето во Лондон и Дејвис куп финалето во Мадрид.