Вечерва со натпреварите во групите А, Б, Ц и Д ќе биде отворено третото коло во Лигата на шампионите. Вистиско дерби вечерва нема да има но на програмата се три исклучително интересни средби од кои можат да им ја скројат иднината на тројца тренери.
Реал Мадрид има само еден бод во првите две кола, иста е ситуацијата и со Галатасарај. „Кралот“ гостува во Истанбул и евентуален пораз веројатно ќе значи крај за Зинедин Зидан на клупата на Реал.
Истото важи и за Маурицио Покетино чии Тотетнхем мора да ја победи Црвена ѕвезда, во спротивно тешко дека Аргентинецот ќе го задржи работното место.
Во нешто подобра ситуација е стратегот на Баерн Минхен, Нико Ковач. Баерн по победата над Тотенхем во Лигата на шампионите, два пати одиграа нерешено во Бундес лигата. Баварците вечерва гостуваат кај Олимпијакос.
Лига на шампиони, 3.коло:
Група А:
Клуб Бриж-ПСЖ
Галатасарај-Реал Мадрид
Табела: ПСЖ 6, Бриж 2, Галатасарај 1, Реал 1
Група Б:
Тотенхем-Црвена ѕвезда
Олимпијакос-Баерн Минхен
Табела: Баерн 6, Ц.ѕвезда 3, Олимпијакос 1, Тотенхем 1
Група Ц:
Шахтјор-Динамо Загреб
Манчестер сити-Аталанта
Табела: Сити 6, Динамо 3, Шахтјор 3, Аталанта 0
Група Д:
Атлетико Мадрид-Баер Леверкузен
Јувентус-Локомотив Москва
Табела: Јувентус 4, Атлетико 4, Локомотив 3, Баер 0
Натпреварите Шахтјор-Динамо и Атлетико-Баер ќе започнат во 18.55 часот, додека останатите дуели стартуваат во редовниот термин од 21 часот.