Првиот пик на драфтот ова лето Зајон Вилијамсон ќе почека на своето деби за Њу Орлеанс Пеликанс на официјален натпревар во НБА-лигата. Вилијамсон поради операцијата на коленото ќе биде надвор од кошаркарските терени шест до осум недели.
Вилијамсон се повреди во подготвителниот период меѓутоа првите прогнози биле дека повредата не е сериозна и дека десет дена нема да тренира. Анализите направени подоцна ја откриле сериозноста на повредата.
Паузата од шест до осум недели значи дека Вилијамсон ќе дебитира во НБА-лигата во декември, но само доколку рехабилитацијата тече според планот. Реално е тој да заигра на почетокот на новата година.
Вилијамсон е поранешен играч на универзитетот Дјук, со своите физички предиспозиции тој уште на првата година ги воодушеви скаутите. Многумина веќе го споредуваат со Леброн Џејмс.
Новата сезона во НБА ќе започне на 23 октомври со натпреварот помеѓу шампионите Торонто Репторс и тимот на Вилијамсон Њу Орлеанс Пеликанс.