Фудбалерите на Борусија од Дортмунд Марко Ројс и Пако Алкасер ќе го пропуштат натпреварот со Интер во Лигата на шампионите, објавија италијанските медиуми.
Шпанскиот напаѓач неколку недели е надвор од имот поради повредата на Ахиловата тетива, додека Ројс бил болен од грип.
Во составот ќе биде голманот Роман Бурки кој се рехабилитирал од повредата на коленото, како и Џејдон Санчо кој ја одработи клупската суспензија од еден натпревар.
Натпреварот помеѓу Интер и Борусија Дортмунд ќе се одигра в среда во Милано со почеток во 21 часот.
На табелата во Ф-групата Борусија и Барселона имаат по четири бода, а Интер и Славија Прага по еден бод.